Економија Денеска почнува продажбата на едномесечниот зелен картон

Денеска почнува продажбата на едномесечниот зелен картон

Денеска стапува на сила одлуката на Владата за воведување едномесечен зелен картон кој го издаваат осигурителните компании.

Цената на едномесечен зелен картон изнесува 30 евра за возила до 66 киловати, односно 50 евра за возила со повеќе од 66 киловати.

Ова најмногу од корист ќе им биде на оние кои патуваат еднаш годишно, особено за време на летниот период.

Во интегралниот текст на одлуката донесена три дена претходно, стои дека зелен картон со важност од еден месец се издава и на товарни возила и на автобуси произведени во Република Македонија, а наменети за извоз, по цена од 140 евра.

Цената и важноста на зелените картони за сите други категории возила, мотоциклите, приколките, комбинираните возила, камионите и автобусите, и понатаму остануваат исти.