Македонија Денес и утре посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

Денес и утре посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

Посебниот режим се воведе поради одржување на министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа

Фото: МВР

Денес и утре ќе има посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје, известува Министерството за внатрешни работи (МВР).

Посебниот сообраќаен режим започна вчера, поради одржување на министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа.

СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебниот сообраќаен режим и оттаму апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници.