Македонија Демократски сојуз достави предлог-одлука за распуштање на Собранието

Демократски сојуз достави предлог-одлука за распуштање на Собранието

Демократскиот сојуз до Собранието на Република Македонија достави предлог-одлука со која бара законодавниот дом да се распушти, со што ќе се создадат уставни можности за изборите да се одржат на 11 декември 2016 година.

„Во согласност со договорот од 31 август 2016 година, четирите партии констатираа дека има услови за одржување предвремени парламентарни избори, при што како датум го определија 11 декември. За подготовка на сите партии за учество на изборите неопходен е период од најмалку два месеци, поради што предлагаме распуштање на парламентот во текот на денот“, стои во соопштението на ДС.

Освен предложените промени на законите за работата на СЈО и за заштитени сведоци, други реални причини за одложување на самораспуштањето на парламентот нема, смета ДС.

„Севкупната криза во Македонија предолго трае и ги загрозува перспективите и развојот на земјата, поради што неопходни се промени на власта, кои можe да се случат на фер, демократски и веродостојни избори. Демократскиот сојуз очекува поддршка од сите парламентарни партии и од независните пратеници“, се додава во соопштението на ДС.