Хроника Демир Хисар: Притворен средовечен маж кој им се заканувал на сограѓаните дека...

Демир Хисар: Притворен средовечен маж кој им се заканувал на сограѓаните дека ќе ги убие

Инцидентот, според обвинителството, се случил на 31 октомври, кога на два наврати 50-годишен маж се заканувал дека ќе ги лиши од живот своите сограѓани

Општина Демир Хисар | Фото: Вменков Vmenkov, CC BY-SA 3.0, Викимедија комонс

Притворен е 50-годишен маж од Демир Хисар, кој се сомничи дека на два пати им се заканувал на своите сограѓани дека ќе ги убие.

Како што соопшти Основното јавно обвинителство – Битола, на 31 октомври осомничениот, во два одделни инциденти, „директно се заканувал на други жители на Демир Хисар дека ќе ги лиши од живот, предизвикувајќи кај нив вознемиреност и страв“.

Поради тоа, обвинителите повеле постапка по сторено кривично дело Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

„Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола го прифати предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена“, соопшти Обвинителството.