Македонија Декодирање на дезинформации: Извештаи за регионално мапирање на дезинформации и граѓанското општество

Декодирање на дезинформации: Извештаи за регионално мапирање на дезинформации и граѓанското општество

Како заеднички напор во рамките на програмата од партнерските организации на TechSoup со поддршка од Google.org, Фондацијата Метаморфозис работеше на дел од регионалните извештаи за мапирање дезинформации, покривајќи ја Северна Македонија, Србија и Косово

Image by u_5785qxtfen from Pixabay

Четири извештаи за регионално мапирање на дезинформации и граѓанско општество фокусирани на Западен Балкан, Вишеград, Црно Море и Балтикот, беа објавени како заеднички напор во рамките на програмата од партнерските организации на TechSoup со поддршка од Google.org. Фондацијата Метаморфозис работеше на дел од регионалните извештаи, покривајќи ја Северна Македонија, Србија и Косово.

Овие регионални извештаи претставуваат сеопфатен преглед на дезинформацискиот пејзаж во соодветни региони. Тие се осврнуваат и на војната во Украина и дезинформациите поврзани со неа, како и на вклученоста на граѓанските организации во поддршката на земјата и бегалците.

Извештаите за регионално мапирање на дезинформации и граѓанско општество беа креирани како заеднички напор во рамките на програмата од партнерските организации на TechSoup со поддршка од Google.org – Фондацијата NIOK (која ја покрива Унгарија), Funky Citizens (покривајќи ги Романија, Бугарија и Молдавија), Метаморфозис Фондација (Северна Македонија, Србија и Косово), Иницијатива за граѓанска отпорност – CRI (која ги покрива Литванија, Латвија и Естонија), PDCS (која ја покрива Словачка) и VIA Association/ Sdruzení VIA (ja покрива Чешка Република).

„Нашата цел е да обезбедиме сеопфатно, засновано на податоци разбирање за дезинформацискиот пејзаж и начинот на кој влијае врз граѓанското општество. Овие извештаи за регионално мапирање на дезинформации и граѓанското општество служат како вредни алатки, овозможувајќи им на организациите да ги приспособат своите стратегии и ефикасно да соработуваат во борбата против дезинформациите“, велат од организациите.

Оваа активност, во рамките на Програмата за дигитален активизам, спроведена од TechSoup и нејзините партнери во Централна и Источна Европа (ЦИЕ) во тек е од 2018 а главниот фокус е поддршка на организациите на граѓанското општество да бидат поотпорни на дезинформации. TechSoup и партнерите веруваат дека за да има промени, прво мора да се дијагностицираат потребите на организациите што ги поддржуваат и да ја анализираат моменталната општествено-политичка ситуација во земјите каде што работат.