Македонија ДЕА продолжува да ја поддржува Северна Македонија во борбата против трговијата со...

ДЕА продолжува да ја поддржува Северна Македонија во борбата против трговијата со дрога

Седиштето на ДЕА, во федералната зграда „Хенри Адамс“. Фото: DEA

Американската служба за борба против дрога (ДЕА) по акциите „Двојник“ и „Марихуана“ вели дека продолжува да ја поддржува Северна Македонија во детектирањето, спречувањето и ликвидацијата на организациите кои се занимаваат со трговија со дрога, соопшти МИА.

ДЕА потврдува дека нејзини службеници се вклучени во истрагата на МВР и ОЈО поврзана со минатонеделната заплена на 200 килограми марихуана, чија пазарна вредност изнесува речиси милион долари, во акцијата изведена на патот Прилеп – Росоман.