Свет Свет Давутоглу: Русија нема да ја сопре испораката на гас за Турција

Давутоглу: Русија нема да ја сопре испораката на гас за Турција

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, денеска изјави дека не очекува Русија дека ќе ја прекине испораката на гас за Турција, но дека Анкара, сепак, се подготвува за такво сценарио.

– Не мислам дека Русија ќе ја сопре испораката на гас. Имаме заемни обврски кои се регулираат според меѓународното право – изјавил Давутоглу.

На министерството за енергетика на Турција му било наложено да разработи различни алтернативи во случај да биде прекината испораката на гас од Русија.

Русија испорачува гас на Турција низ црноморскиот гасовод  „Син тек“, како и низ Трансбалканскиот гасовод низ Украина.