Македонија Дачиќ во посета на Македонија

Дачиќ во посета на Македонија

Во посета на Македонија денеска е претседавачот на ОБСЕ и шеф на српската дипломатија, Ивица Дачиќ.

Тој ќе има средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Муса Џафери, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и со министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.

Министерот Дачиќ ќе ја посети Мисијата на ОБСЕ и ќе се сретне со амбасадорот Ралф Брет. По средбата со премиерот Груевски и со министерот Попоски, претседавачот на ОБСЕ ќе даде изјава и ќе одговара на новинарски прашања.