Македонија ЦУК: Сè уште активни десет пожари

ЦУК: Сè уште активни десет пожари

Од вкупно 37 пожари, шест од нив се под контрола, а 21 се изгаснати

фото: Центар за управување со кризи (ЦУК)

Од вкупно 37 пожари на отворен простор во текот на изминатото деноноќие, моментално активни се десет, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Шест од нив се под контрола, а 21 се изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, Ресен, Пехчево, Новаци, Пласница, Кичево и Гази Баба.

Во активните пожари горат борова, дабова, букова и мешана шума, како и нискостеблеста вегетација.

Под контрола се шест пожари, односно тие во Општина Неготино, Чашка, Демир Хисар, Охрид, Делчево, Липково и Кочани.

Во последното деноноќие изгаснати се 21 пожар, во кои главно биле зафатени стрништа, сува трева, депонии, соопштува ЦУК.