Македонија ЦУК: Директорот Стојанче Ангелов го разгледа мостот кај с. Уланци

ЦУК: Директорот Стојанче Ангелов го разгледа мостот кај с. Уланци

„По неофицијална пријава на градоначалникот, а и по јавувањето на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, за пријава на многу заглавени дрва, гранки и друг материјал на столбовите од мостот при поројните поплави од пред неколку дена“, наведено е во соопштението на ЦУК

Фото: Центар за управување со кризи

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со градоначалникот на Градско Кире Нацков, го посетија мостот кај селото Уланци во општина Градско, информираат во ЦУК.

„По неофицијална пријава на градоначалникот, а и по јавувањето на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, за пријава на многу заглавени дрва, гранки и друг материјал на столбовите од мостот при поројните поплави од пред неколку дена. Градоначалникот Нацков го запозна Ангелов со состојбата на мостот покажувајќи неколку видливо напукнати носечки столбови на самиот мост“, наведено е во соопштението за посетата на Ангелов на мостот.

Мостот кај с. Уланци е изграден во 1973 од Југословенската Народна Армија (ЈНА) на поранешната југословенска држава (СФРЈ) и е важен за локалното население од двете страни на Вардар. Покрај поврзувањето на населби е важен и за поврзување на земјоделските површини, коишто ги обработуваат не само жителите околу мостот туку и жители од целата општина.