Македонија ЦУК: Денес нема активни пожари, по вчерашните врнежи намален е ризикот за...

ЦУК: Денес нема активни пожари, по вчерашните врнежи намален е ризикот за нови

Над 50 пожари на отворен простор не се прошириле

Фото: МВР (

Во овој момент нема активни пожари, а над 50 пожари на отворен простор, од кои повеќето не се прошириле благодарение на брзата и пожртвувана интервенција на пожарникарите имало вчера на територијата на земјава, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека промената на времето, врнежите од дожд во однос на состојбата со шумските пожари и пожарите на отворен простор која деновиве беше актуелна е добредојдено бидејќи влијае на намалување на сите параметри кои го сочинуваат вкупниот индекс на ризик од пожари, како на пример сувоста на вегетацијата, температурата на воздухот, влагата на воздухот, вегетацијата и акумулираната биомаса на површинскиот почвен слој.

Меѓу пожарите кои вчера избувнале се пожарите во село Страчинци (сува трева и грмушки), село Орланци (ѓубриште), село Волково (сува трева и грмушки) и депонијата Вардариште во Скопско, потоа депонијата Буково во Охридско, ѓубриште во близина на Глобочичко езеро, Струшко, потоа ниска вегетација во село Отовица, трева и трња во необработени ниви околу 17 хектари на местото Топот во Велешко.

Во Светиниколско имало пожар во Кривчева река во близина на Свети Николе, каде гореле нискостеблеста шума, стрништа, викендици и помошни простории, во Тетовско ниска вегетација покрај патот кон Попова Шапка, а во Битолско имало повеќе од 10 пожари,

Во Прилепско горела ниска вегетација во село Канатларци, ниска вегетација во село Алинци, ниска вегетација во село Тополчани кон село Тројкрсти, како и депонија и ниска вегетација кај село Дебреште, во Струмичко горело стрниште, ниска вегетација и ѓубре во село Секирник, површина од 2 до 3 ха, во Богранци нискостеблеста шума, прнар и ниска вегетација кај м.в. Брдаров камен, како и нискостеблеста шума – прнар село Николич.

Повеќе пожари имало и во Кумановско, Радовишко, Виничко, како и во атарите на Старо Нагоричани, Крива Паланка и Ранковце.