Свет Чуркин: Да се спречи ИД да тргува со нафта

Чуркин: Да се спречи ИД да тргува со нафта

Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Виталиј Чуркин, изјави дека Русија работи со Советот за безбедност на Обединетите нации на документ кој ќе воведе построга примена на резолуцијата 2199, чија цел е сузбивање на илегалната трговија со нафта на терористичките организации, како и соработување со нив.

Чуркин рече дека целта на резолуцијата е да го блокира финансирањето на терористичките групи, вклучувајќи ги екстремистите на Исламска држава.

– Не сме задоволни со начинот на контрола и на спроведување на резолуцијата 2199, која беше наша иницијатива. Сакаме да ја заостриме целата процедура – рече Чуркин, додавајќи дека за текстот веќе разговара со колегите.