Македонија Членовите на ад хок телото познати, треба да предложат уште еден член...

Членовите на ад хок телото познати, треба да предложат уште еден член – Албанец

Слаѓана Димишкова, Цветин Чилиманов, Горан Трпеновски и Љубомир Костовски се четворицата кандидати за членови на ад хок телото кои ги предложија партиите. Димишкова и Чилиманов се предлози на ВМРО-ДПМНЕ, а Трпеновски и Костовски на СДСМ.

Според Изборниот законик, петтиот член, кој не е по партиски предлог, а треба да биде Албанец, четворицата партиски претставници треба да го договорат, по што директорот на Агенцијата за медиуми ќе го назначи најдоцна 15 дена по нивното именување.

Најголемата казна за медиумите во периодот пред изборите ќе изнесува 4.000 евра.

Од ЗНМ веднаш излегоа со став дека нема да учествуваат во ова ад хок тело, чиј краен рок за формирање е 19 август.