Македонија Честитка од премиерот Груевски по повод Богојавление-Водици

Честитка од премиерот Груевски по повод Богојавление-Водици

Премиерот Никола Груевски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија(МПЦ-ОА), архиепископот г.г. Стефан, и до сите православни верници во земјата и во дијаспората.

„Прославувањето на оваа света тајна на христијанството е длабоко врежано во вековната православна традиција, во нашето живеење, во верата и во богоугодниот пат. Токму затоа, секоја година со радост го прославуваме овој голем празник, присетувајќи се на потребата од силна верба и од покајание, од чиста мисла и од трпение. Денеска, прославувајќи го големиот празник да се помолиме за нашите семејства, нашите блиски и за нашата држава. Да се помолиме за топлина, надеж и за чистина на душата во секој од нас. Нека Бог ги чуе нашите молитви и нека ја благослови нашата земја, водите кои течат низ неа и сите наши граѓани“, стои во честитката на премиерот по повод Богојавление-Водици.