Македонија Чавков: Ќе се преземат безбедносни мерки за македонските граѓани во Турција

Чавков: Ќе се преземат безбедносни мерки за македонските граѓани во Турција

„Министерството за внатрешни работи ја следи состојбата во Турција, во постојан контакт сме со Министерството за надворешни работи и во координација сме со безбедносните сили“, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета на плажата Конект на Преспанско Езеро.

– Будно ги следиме состојбите во Турција. Во текот на денешниот ден, имаме координација со безбедносните служби и ќе произлезат одредени заклучоци во однос на превенирање или преземање на наши активности во однос на безбедност на нашите граѓани, кои во моментот престојуваат во Турција. Ќе се координираме и во рамките на безбедносните сегменти во државата и со Министерството за надворешни работи. Во тек се таквите консултации и јавноста ќе биде информирана и запознаена за следните чекори – рече Чавков.