Македонија Чавков и Блашчек разговараа за соработката на продлабочување на соработката со Полска

Чавков и Блашчек разговараа за соработката на продлабочување на соработката со Полска

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска го прими полскиот колега Мариуш Блашчек, кој ја предводи високата делегација полското министерството за внатрешни работи.

На средбата, како што соопштуваат од МВР, биле потврдени заложбите за досегашната меѓусебна соработка и воедно двајцата министри изразиле надеж за продлабочување на истата, при што министерот Чавков се заблагодарил за досегашната поддршка и помош на Република Полска за Република Македонија.

По завршувањето на средбата двете делегации се упатиле кон Прифатниот центар „Винојуг” во Гевгелија, каде ќе остварат средба со полскиот контингент составен од 30-те припадници на полската гранична стража, кои во моментов се наоѓаат во Република Македонија и заедно со македонските полициски службеници вршат задачи и операции за поуспешен надзор и контрола на границата.