Свет Балкан Бугарскиот патријарх Неофит со поздрав: Бугарија и Македонија се една крв!

Бугарскиот патријарх Неофит со поздрав: Бугарија и Македонија се една крв!

Патријархот на Бугарската Православна Црква (БПЦ) упати специјално послание до православните браќа во Македонија, порачувајќи дека секогаш можат да сметаат на поддршката на БПЦ, пренесува бугарската новинска агенција БГНЕС. Бугарскиот патријарх притоа порачал дека Македонците се една крв со Бугарите.

-Нека се радуваат на нашата поткрепа и нека знаат дека Бугарија и Македонија се една крв. За многу години! – порача поглаварот на Бугарската православна црква,

Тој посочи дека во БПЦ продолжува да работи специјалната комисија создадена пред две години со цел да ја потпомага МПЦ – Охридска Архиепископија во тежнеењето да добие автокефалност.

Таа комисија е раководена од старозагорскиот митрополит.

-Се проценуваат некои решенија и потоа ќе се донесе одлука – рече тој одговарајќи на прашање од БГНЕС дали ќе присуствува на средбата на раководилите на помесните православни цркви, свикана од ерусалимскиот патријарх Теофил за 26 и 27 февруари годинава во Аман, Јордан.