Економија Бројот на работници во индустријата зголемен за 0,9 отсто во однос на...

Бројот на работници во индустријата зголемен за 0,9 отсто во однос на лани

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули годинава, во однос на истиот период лани е поголем за 0,9 отсто, a бројот на работниците во индустријата во јули во однос на истиот месец лани е поголем за 9,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во јули годинава, во однос на истиот месец лани, бележи пораст од 1,5 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0,7 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 0,5 отсто.