Свет Европа Британски воени бродови ги надгледуваат руските носачи на авиони во Ла Манш

Британски воени бродови ги надгледуваат руските носачи на авиони во Ла Манш

Британскиот министер за одбрана, Мајкл Фелон, денеска изјави дека Велика Британија ќе испрати воени бродови да ги надгледуваат руските носачи на авиони во Северното Море и во каналот Ла Манш.

Тој навел дека британската флота „го следи секој чекор на руските бродови“.

Носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“ и други руски бродови се движат кон југот од правец на Норвешкото Море кон Северно Море, а ги надгледува британскиот ракетен разорувач „Данкан“, кој стигнал од Портсмут.

Британската морнарица редовно го следи движењето на бродовите, а рускиот носач на авиони се надгледува со поддршка од воздушните сили.