Македонија Британската амбасада со соопштение за акцијата „Пуч“

Британската амбасада со соопштение за акцијата „Пуч“

Амбасадата на Британија испрати соопштение, во кое се вели дека обвиненијата за Заев се многу сериозни и од основна важност е сите институции да ги почитуваат принципите на правото и притоа да се исполнат највисоките меѓународни стандарди.

„Обединетото Кралство ги прими со загриженост информациите за покренувањето обвиненија против Зоран Заев. Од основна важност е, како и во секој судски случај, сите институции во Македонија да ги почитуваат принципите на владеење на правото, вклучително и презумпцијата на невиност, и да ги исполнат највисоките меѓународни стандарди во процесот. Обединетото Кралство, исто така, изразува загриженост за влошувањето на политичкиот дијалог во земјата и ги повикува политичките партии да направат сè што можат за да се подобри состојбата“, соопштуваат од амбасадата.