Македонија Борисов до Груевски: Следи го мојот пример, дај си оставка

Борисов до Груевски: Следи го мојот пример, дај си оставка

Бугарскиот премиер Бојко Борисов смета дека несогласувањата и проблемите со кои се соочува Македонија се причина за загинувањата на полицајците во Куманово и го повика премиерот Никола Груевски да си поднесе оставка.

– Јас дадов пример што треба да се прави кога има недоверба поради една или друга причина, или мешање во една влада. Потоа народот сам си ја враќа довербата – рече Борисов, притоа изразувајќи надеж дека ситуацијата во земјата ќе се стабилизира.

Борисов истакна дека Македонија е особено важна за Бугарија и оти постојано добива информации за ситуацијата во Македонија.

– Господ да ги прости убиените полицајци. Веднаш сфаќате колку е важно да имате политичката стабилност – рече Борисов.