Свет Борба за Мосул и жесток отпор од припадниците на ИД

Борба за Мосул и жесток отпор од припадниците на ИД

Елитните ирачки единици денеска се соочиле со жесток отпор во Мосул, градот кој две години беше под контрола на таканаречената Исламска држава.

Командантот на единицата за борба против тероризмот, Мунтатар Салем, рече дека ирачките сили напредуваат и во моментов се борат во источниот дел на градот.

Припадниците на Исламска држава возвраќаат со бомби и со жесток оган.

Портпаролот на меѓународната воена коалиција во Ирак, американскиот полковник Џон Доријан, вчера изјави дека лидерот на ИД ја губи контролата над следбениците во Мосул.