Свет Бомбашки напад во Мали, 50 загинати, 100 ранети

Бомбашки напад во Мали, 50 загинати, 100 ранети

Повеќе од 50 лица се убиени, додека повеќе од 100 војници и поранешни борци се повредени во напад со автомобил бомба на воен камп во северниот дел на Мали.

Експлозијата се случила во воената база во градот Гао.

Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но постојат сомневања дека станува збор за исламска екстремистичка група која била против потпишувањето на мировниот договор во 2015 година.

Според извештаите објавени во медиумите, при нападот загинале пет бомбаши самоубијци.