Свет Бомбаш самоубиец во Сирија рани 12 лица

Бомбаш самоубиец во Сирија рани 12 лица

Во експлозија за која се верува дека ја извел бомбаш самоубиец на Исламска држава, на улица во градот Ал-Рај на северот од Сирија, ранети се 12 лица, поголемиот дел од нив деца.

Ова го потврдија локални безбедносни и болнички извори.

Градот Ал-Рај се наоѓа два километри јужно од турската погранична покраина Килс, област која ја контролираат сириските бунтовници, кои ги поддржува Турција.

Градот од рацете на Исламска држава е преземен со операцијата „Штит Еуфрат“, која Анкара ја поведе во август оваа година.