Македонија Битолчани оставија сено за коњот на Филип Втори

Битолчани оставија сено за коњот на Филип Втори

Сено за коњот на Филип Втори оставија вечерва битолчани пред споменикот на античкиот владетел на плоштадот Магнолија, откако денеска група пензионери со црево со вода го чистеа постаментот од боите на „Шарената револуција“.

Битолчани кои протестираат против аболицијата на градоначалникот Владимир Талески велат дека и тие сакале да покажат како се грижат за коњот на античкиот крал.

– Донесовме сено за роднината на Букефал – рече еден од демонстрантите.

И вечерва битолчани во голем број, и покрај дождот, излегоа на протестите пред Општина Битола, барајќи оставка од Талески.