Главна секција Бина, вода, озвучување – сè е спремно за големиот граѓански митинг

Бина, вода, озвучување – сè е спремно за големиот граѓански митинг

Во близина на Владата, на крстосницатата на булеварите Илинден и Климент Охридски, веќе е поставена бината за денешниот граѓански митинг.

На неколку места поставено е и озвучување, а на десетина локации наредени се купови вода во шишиња.

Околу Владата од двете страни има големо полициско обезбедување.

Полицајците се седнати на тревникот околу објектот на Владата и на клупите од спротивната улица.

Пред бината има поставено маса, на која новинарите ќе можат да ги земат акредитациите за настанот.

Низ центарот на градот нема некоја поголема раздвиженост, нема ниту полиција.

Нашите дописници јавуваат дека колоните автобуси, комбиња и приватни автомобили се движат кон Скопје, иако и на тргнувањето и по патот им се вршат контроли.