Култура „Бибер“ објави збирка раскази на тема помирување

„Бибер“ објави збирка раскази на тема помирување

Книжевно-активистичкиот тим „Бибер“ денеска соопшти дека е објавена збирка кратки раскази на тема помирување, избрани на конкурсот што беше објавен минатата година.

Во збирката има 25 избрани ракази, меѓу кои и на авторите Владимир Табашевиќ, Надиа Герас и Слаѓана Љубичиќ, кои се наградени на конкурсот.

Обајвените и наградените раскази ги избра жирито во состав Дорунтина Баша, Фарук Шехиќ и Бојан Кривокапиќ.

Во збираката сите раскази се објавени на босански, хрватски, црногорски, српски, македонски и на албански јазик.

„Промоциите на збирката ќе бидат одржани во текот на мај во Сараево, Скопје и во Белград, а се надеваме, подоцна, и во други градови во регионот“, велат од тимот на „Бибер“.

„Бибер“ е книжевно-активистички тим формиран околу идејата дека уметноста може да инспирира општествена промена.