Македонија Безживотно тело е забележано во водите на Вардар кај Градско

Безживотно тело е забележано во водите на Вардар кај Градско

Фото: Архива на Мета.мк

Центарот за управување со кризи соопшти дека попладнево во водите на реката Вардар, кај село Уланци, Општина Градско е забележано безживотно човечко тело.

Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи во Велес, телото не можело да биде лоцирано од полицијата во СВР Велес заради големиот водостој и веројатно е дека се движи кон Општина Неготино.