Македонија Бесплатни прегледи по повод Светскиот ден на дијабетот

Бесплатни прегледи по повод Светскиот ден на дијабетот

Тестови за дијабетес

ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје, денеска, во рамките на Светскиот ден на дијабетот, ќе организира бесплатни превентивни прегледи на пункт кој ќе биде поставен на плоштадот Македонија.

Медицинските екипи на граѓаните ќе им мерат ниво на шеќер во крвта, крвен притисок, како и телесна тежина и висина и притоа ќе им даваат совети за здрава исхрана.

Годинава Светскиот ден на дијабетот се одржува под мотото „Здравата исхрана и дијабетот“, а во рамки на одбележувањето се организирани повеќе активности поврзани со спречување на дијабетот тип 2, како и ефикасно контролирање.