Македонија Бесими во посета на МВР

Бесими во посета на МВР

Во рамки на иницијативата „Институционални посети“, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска ќе оствари работна средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Посетата, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, се реализира за да се разгледа имплементацијата на активностите поврзани со итните реформски приоритети во областите од надлежност на МВР.

Циклусот институционални посети на вицепремиерот Бесими ќе продолжи и во наредните денови со клучните институции што се носители на активностите од итните реформски приоритети, за што редовно ќе се информира Европската комисија.