Македонија Бебето од Дојран не боледува од зика

Бебето од Дојран не боледува од зика

Тримесечното бебе од Дојран не е заболено од вирусот зика, покажаа резултатите од лабораториските испитувања во Германија.

Како што соопштија од Министерството за здравство, резултатите од испитувањето пристигнале попладнево во Институтот за јавно здравје.

Веста за резултатите ја објави и градоначалникот на Дојран, Борче Стамов, кој на својот фејсбук-профил напиша дека резултатите за зика се негативни и оти бебето нема микроцефалија.