Видео Бангладеш: 22 загинати на добротворен настан

Бангладеш: 22 загинати на добротворен настан

Најмалку 22 лица загинале во Бангладеш, во метеж кој настанал на добротворен собир за време на муслиманскиот месец Рамазан, соопшти полицијата.

Како што се наведува, 30 лица се повредени во градот Мименсинг, на северот на Бангладеш. Несреќата се случила кога стотина лица, кои се собрале пред куќа на локален бизнисмен за да соберат бесплатна облека, навалиле внатре кога се отворила капијата.