Подглавна секција Бајден врши притисок да се прифати договорот за помош за Украина

Бајден врши притисок да се прифати договорот за помош за Украина

Во ноември минатата година, републиканците објавија широк сет на барања во врска со безбедност на мексиканската граница како услов за поглема помош за Украина. 

Gage Skidmore from Peoria, AZ, United States of America, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons

Американскиот претседател Џо Бајден, врши притисок врз Конгресот за прифаќање на двопартискиот договор на Сенатот за комбинирање на мерките за спроведување на граници и помош за Украина, соопшти Гардијан. 

Двопартиските разговори достигнаа критична точка во услови на зголемена републиканска опозиција. Во ноември минатата година, републиканците објавија широк сет на барања во врска со безбедност на мексиканската граница како услов за поглема помош за Украина.

Со исполнување на барањата би имало намалена хуманитарната условна слобода за луѓето кои преминуваат во Соединетите Американски Држави и им се отежнува на мигрантите да се квалификуваат за азил.

Демократскиот претседател вели во изјава дека предложените политики ќе бидат најтешкиот и најправеден пакет реформи за обезбедување на границите што некогаш  ги имале.

Тој, исто така, вети дека ќе се спроведе нов орган за итни случаи за да ја „затвори границата.“

Но, говорникот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, републиканец од Луизијана, вели дека законот ќе биде „мртов по пристигнувањето во Домот“ во неговата сегашна форма, според писмото до републиканските пратеници во Претставничкиот дом.

Инаку, белата куќа има 110 милијарди долари за итно финансирање на Украина, Израел и за потребите за национална безбедност.