Македонија Автобусите на ЈСП во понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред

Автобусите на ЈСП во понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред

Фото: Борче Поповски

Од ЈСП информираат дека во понеделник, поради неработниот ден по повод државниот празник 8 Септември-Ден на независноста, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

„Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а по неделен возен ред ќе сообраќаат и автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно). Превозот на посочените линии за сите патници ќе биде бесплатен согласно одлуката на Советот на Град Скопје за бесплатен превоз во недела на посочените линии за сите категории на патници“, се вели во соопштението на ЈСП.

Дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарницитре на Транспортен центар и на Зелен пазар, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.