Свет Авганистанци и Руси заплениле повеќе од 600 тони опиум

Авганистанци и Руси заплениле повеќе од 600 тони опиум

Повеќе од 600 тони опиум се запленети во заедничката операција на службите за спроведување на законот од Русија и од Авганистан.

Шефот на руската федерална служба за контрола на наркотици, Виктор Иванов, денеска изјави дека дрогата е запленета на средината од декември во авганистанскиот град Доши.

Иванов рече дека авганистанската полиција за борба со наркотици влегла во трага на пратките дрога врз основа на информациите што им ги доставиле руските служби.

Рускиот претставник соопшти дека дрогата е откриена во приколка на камион кој патувал од Авганистан за Турција, каде опиумот се преработува во хероин за продажба на европскиот и на други пазари.