Култура Аудиција за новиот филм на Теона Митевска

Аудиција за новиот филм на Теона Митевска

Аудицијата ќе се одвива на 14-ти и 15-ти ноември во просториите на Вардар Филм

Јавен повик за аудиција за новиот филм на Теона С. Митевска објави продукцијата „Сестри и брат Митевски“. Филмот е  со работен наслов „Кога денот немаше име“.

– Ги повикуваме сите заинтересирани момчиња на возраст од 15 – 20 години да се пријават на отворената аудиција. За потребите на филмот се бараат шест млади момчиња на оваа возраст за носечките улоги – велат од продукцијата.

Аудицијата ќе се одвива на 14 и на 15 ноември во просториите на „Вардар филм“ (Агенција за филм на Република Македонија), ул. 8 Март, бр. 4, од 10 до 20 часот, во близина на Градскиот парк, кај фонтаната.

Од продукцијата велат дека не е потребно претходно најавување, претходно искуство или знаење.