Спорт Астон Вила доби засилување од Валенсија

Астон Вила доби засилување од Валенсија

Астон Вила добива засилување во зимскиот преоден период директно од Валенсија. Карлес Жил е најновото засилување на Астон Вила, пишува на официјалната веб-страница на клубот од Бирмингем.

Фудбалскиот репрезентативец оваа сезона се пресели во Валенсија од екипата на Елче, но одигра само осум натпревари воПремиер-лигата и посака да направи промена.

Дваесет и едногодишниот репрезентативец на Шпанија ќе биде засилување за Вила во врска со креативните задачи, изјави Пол Ламберт, менаџер на тимот од „Вила парк“.

– Веднаш кога дознав дека клубот ме сака и јас посакав да дојдам. Навистина сакам да им покажам на обожавателите што знам – рече Жил.