Македонија Отворен ден на Армијата на Воениот стадион во Скопје

Отворен ден на Армијата на Воениот стадион во Скопје

Отворениот ден на Армијата се организира за одбележување на 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.

На Воениот стадион денес се одбележа 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата. Посетителите имаа можност одблиску да се запознаат со опремата и возилата на Армијата, а показна вежба имаа и армиските Ренџери.

Претставени беа специјалните сили, баталјонот на Воената полиција, Воено-медицинскиот центар, воздухопловниот ВИНГ и армиските кучиња.

Полковникот Васил Митевски од Командата за операции истакна дека му е чест што граѓаните на Скопје имаат можност да се запознаат со дел од армиската опрема и порача дека членството во НАТО е важно од безбедносен аспект, но и во однос на соработката со сојузниците.

„За нас како Армија членството во НАТО претставува една голема можност за соработка со сите НАТО партнери со цел зголемување на нашите способности, како и способностите коишто треба да ги исполниме во НАТО Алијансата“, рече полковникот.

Отворениот ден на Армијата се организира за одбележување на 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.

Досега беа организирани пет отворени денови за одбележувањето и тоа во Струмица, Кавадарци, Штип, Тетово и Прилеп. Денеска армијата е во Скопје и Охрид, а утре завршниот отворен ден е во Кичево.