Македонија Анкета на „Павел Шатев“: За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,9 отсто, а за...

Анкета на „Павел Шатев“: За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,9 отсто, а за СДСМ 15,7 отсто од граѓаните

На предвремените парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,9 отсто, а за СДСМ – 15,7 отсто од испитаниците, се вели во анализата на резултатите од телефонската анкета спроведена во периодот меѓу 26 и 29 септември од Институтот „Павел Шатев“. За ДУИ би гласале 5,1 отсто, а на ДПА поддршка ѝ дале 2,7 отсто од анкетираните.

Анкетата била спроведена на 1.260 испитаници.

„Во анкетата, која беше на ниво на целата територија на Република Македонија, беа опфатени шестте изборни единици, како и повеќе релевантни демографски карактеристики на населението, односно пол, возраст и етничка припадност. Дополнителна поделба беше направена и според руралните и урбани места на живеење. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од 2,1 отсто“, се вели во изветувањето од Инситутот „Павел Шатев“.