Македонија Анкета на ИРИ: Малку читаме, а многу гледаме телевизија и сурфаме

Анкета на ИРИ: Малку читаме, а многу гледаме телевизија и сурфаме

Телевизијата е примарен извор на вести, граѓаните не читаат дневни весници, а на интернет најмногу се информираат од „Фејсбук“, покажува истражувањето спроведено од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На прашањето дали сметате дека има слобода на говорот и слободата на изрзување, 51 отсто од граѓаните одговориле дека нема, а 44 отсто дека има.

Телевизијата е примарен извор за политички вести кај 87 отсто од граѓаните, по 23 отсто од испитаниците се одлучиле за интернет и за семејството и пријателите, за печатените медиуми се одлучиле 16 отсто, а за радиото – само 7 отсто од прашаните.

Според истражувањето, најгледата телевизија е „Алсат М“, со 24 отсто гледаност, по неа следува „Сител“ со 23 отсто, на трето место е „Канал 5“ со 13 отсто, па „24 Вести“ со 12 отсто и „Телма“ со 10 отсто.

На прашањето кој весник најмногу го читате за политички вести, високи 63 отсто одоговориле дека не читаат дневни весници, потоа за „Коха“ се одлучиле 9 отсто од анкетираните, за „Дневник“ 7 отсто, за „Вест“ 6 отсто, а за „Лајм“ и за „Слободен печат“ по 4 отсто.

„Фејсбук“ со 22 отсто е интернет-страница која најмногу ја корстат граѓаните за политичко информирање, по неа следуваат агрегаторот „Тајм“, на второ, „Курир“, со 10 отсто, на трето место и „Порталб“ на четврто место со 6 отсто.

Истражувањето било спроведено од агенцијата за истражување „Брима“ во период од 29 септември до 5 октомври 2015 година, преку интервјуа лице в лице, на примерок од 1.106 граѓани.