Свет Анкара негира дека борци на ИД влегле во Сирија преку Турција

Анкара негира дека борци на ИД влегле во Сирија преку Турција

Официјална Анкара ги негира тврдењата дека џихадистите на Исламска држава влегле во сирискиот град Кобане преку турската граница.

Според некои извештаи, четири автомобили на припадници на ИД го преминале граничниот премин со Турција и се упатиле кон Кобане.

Опсерваторијата за човекови права соопшти дека борците на ИД извршиле егзекуција над најмалку 20 сириски Курди, а меѓу нив имало жени и деца.

Претходно во офанзива на борците на ИД погинаа 12 луѓе, а околу 70 се ранети. Нападот почнал со експлозија на автомобил-бомба.

Курдските сили, со воена поддршка на американските авиони и на нивните сојузници, ја вратија контролата над пограничниот сириски град со Турција пред пет месеци, по четиримесечната опсада од борците на ИД.