Македонија Ангелов: Пожарот кај Мариово не може да се гаси со хеликоптери

Ангелов: Пожарот кај Мариово не може да се гаси со хеликоптери

Граѓаните да бидат исклучително внимателни, а ако забележат сомнително поведение на некој кој се обидува да подметне или веќе подметнал пожар, истото да го пријави на телефонскиот број 112 или во полиција, изјави Ангелов

Фото: ЦУК

Линијата на огнот кај пожарот што изби кај Мариово, вчера ескалираше, а линијата на огнот беше подолга од 20 километри, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој кажа дека синоќа заседавал кризниот штаб на општина Прилеп.

„Пожарот е близу селата Бонче, Крушевица, Дуње и Кале. Рано утрово на терен пристигнаа 25 полициски тигри, 70 војници, 60 пожарникари од Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Радовиш, Св. Николе и Струмица. Поради намалената видливост и густиот чад употребата на хеликоптер не е возможна, за тоа се чека да се подобрат условите“, соопшти Ангелов.

Тој информира дека вчера на територијата на државата имало 27 пожари. Од нив 4 се активни, 2 се ставени под контрола, а 21 се изгаснати.

„Активен е и пожарот во општина Чашка, како и близу месноста Рамно на планината Скппска Црна Гора. Граѓаните да бидат исклучително внимателни, а ако забележат сомнително поведение на некој кој се обидува да подметне или веќе подметнал пожар, истото да го пријави на телефонскиот број 112 или во полиција“, додаде тој.