Спорт Анчелоти: Роналдо е во врвна форма

Анчелоти: Роналдо е во врвна форма

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, вели дека голема предност е што Кристијано Роналдо игра за „кралскиот клуб“ и истакна дека тој е во врвна форма.

Португалецот на мечот со Виго го постигна 200. гол во Ла Лига и стана поединец со најмногу хет-трикови во историјата на натпреварувањето.

– Голема предност е што го имаме Роналдо во тимот. Игра многу добро, тој е во врвна физичка форма и е особено мотивиран – рече Анчелоти.

Реал вчера го победи Виго и ја забележа 18. по ред победа во сите натпревари.

– Игравме многу добро, бевме солидни во одбраната, брзи. Не беше лесно, ми се допаѓа тоа што играчите на Селта сакаат да се надигруваат, да вршат притисок и да напаѓаат – рече Анчелоти.