fbpx

Роналдо, Меси и Нојер во битка за „Златна топка“

-

Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Мануел Нојер се тројцата номинирани од Светската фудбалска организација (ФИФА) за најдобри фудбалери за 2014 години, кои ќе конкурираат за престижната награда „Златна топка“. Наградите ќе бидат доделени на 12 јануари следната година во Женева. За најдобар тренер номинирани се тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, селекторот на Германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, и тренерот на Атлетико Мадриид, Диего Симоне. За фудбалерка на годината номинирани се Надин Кеслер од Германија, Марта од Бразил и Аби Вамбах од САД. За најдобар тренер во женски фудбал конкуренти се Ралф Келерман од Волфсбург, Марен Мајнарт од Германија и Норио Сасаки од Јапонија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...