Македонија АМСМ: Внимателно возење кај Лакавица и кај Страцин

АМСМ: Внимателно возење кај Лакавица и кај Страцин

На патниот правец Лакавица – Неготино, односно на седум километри над селото Лескоица, има пропаѓање на патот од 200 метри, на кој е извршена санација и на патот е поставена соодветна патна сигнализација за внимателно управување со возилата, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Внимателно возење се препорачува и на патниот правец Страцин – Крива Паланка, поточно на излезот од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште од кое била зафатена третата лента од коловозот во должина од 150 метри. На местото е поставена соодветна патна сигнализација.

Според информациите добиени од јавното претпријатие „Македонија пат“, сообраќајот на останатите државни патишта во земјата се одвива без забрани, по претежно суви коловози.