Македонија АМСМ препорачува да се вози внимателно по влажните коловози

АМСМ препорачува да се вози внимателно по влажните коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100 метри има во Делчево, соопшти Автомото-сојузот на Македонија.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонски Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д.Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.