Македонија АМСМ: Патиштата се влажни, возете внимателно

АМСМ: Патиштата се влажни, возете внимателно

Утринава е укината забраната за тешки товарни возила кај планинскиот превој Ѓавато. Од АМСМ соопштуваат дека сообраќајот е нормализиран и на патниот правец Велес – Скопје, кој беше во прекин поради интензивни врнежи од снег и попречена цистерна во близина на зимскиот пункт Кула.

Поради одрон на патниот правец Кичево – Битола кај селото Железнец, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 15 метри.

Забраните за движење на тешки товарни возила сè уште се во тек на планинскиот премин Стража и на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, како и на кракот Маврово – Дебар.

Според АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.