Македонија АМСМ: На планинските премини можна е голомразица

АМСМ: На планинските премини можна е голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места. Влажни коловози се бележат на планинските премини, повисоките и осојничави места, каде поради ниска температура можна е појава на голомразица, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.