Македонија Амбасадата на САД го развиори и знамето-виножито

Амбасадата на САД го развиори и знамето-виножито

Покрај американското, на зградата на Амбасадата на САД во Скопје истакнато е и знамето на виножитото.

На твитер-профилот на амбасадата пишува дека се придружуваат на одбележувањето на Неделата на гордоста во Македонија.

„Го развеавме знамето-виножито за да ја одбележиме Неделата на гордоста во Македонија“, пишува на твитер-профилот на американската амбасада во Скопје.