Македонија Алепо не смее да стане нова Сребреница, порача Кери

Алепо не смее да стане нова Сребреница, порача Кери

Американскиот државен секретар, Џон Кери, предупреди дека во Алепо се заробени десетина илјади цивили и оти не смеат да се соочат со масакр како тој што се случи во Сребреница.

Кери изрази морален револт поради судбината на сирискиот град, но не понуди нов план за ставање крај на граѓанската војна, барајќи од сирискиот претседател Башар ал Асад да се согласи на мировни преговори.

– Последно што би сакале да видиме е оваа мала област да се претвори во Сребреница – рече Кери.

„Би-би-си“ претходно во опширна репортажа исто така го спореди сирискиот град со босанскиот град Сребреница, коментирајќи дека меѓународната заедница ништо не научила од тој пример.